Мени

Финишираат празничните активности за Денот на ослободувањето

10.11.2012 09:29 | KumanovoNews

 Цела седмица помина во знакот на големиот празник, 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово.

Финишираат празничните активности за Денот на ослободувањето

Денеска во селото Режановце ќе се одржи манифестацијата Празијада, а градоначалникот ќе се организира прием за делегации и гости од збратимените градови.

Вечерва на Градскиот плоштад ќе се одржи големиот концерт на кој ќе настапат српската пејачка Ана Николиќ и групата Дивље Јагоде.

Утре во 11 часот свежо цвеќе ќе биде положено на Спомен Костурница. Потоа Советот на Општината ќе оддржи Свечена седница во ресторан “Палас“. На фирми и поединци, кои се истакнале со својата работа и придонеле за развој на градот ќе им бидат врачени Ноемвриските награди.