Фирмите да донираат за сиромашните
09.10.2012 09:40
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен Крст Куманово, и оваа година од фирмите и граѓаните ќе собира донации за помош на ранливото население.
Под мотото “Помислете и на нас“ на 16 месецов ќе биде одбележан Денот на гладта. Волонтери од Црвен Крст ќе продаваат бончиња на граѓаните, а со парите ќе бидат направени пакети и ќе се набави храна за сиромашни семејства. Со покани 700 фирми ќе бидат повикани да донираат за сиромашните. На граѓаните кои ќе донираат пари за помош на сиромашните им следува симболичен подарок.