Мени

Фирмите заинтересирани за вработување на глуви и наглуви лица

13.08.2012 08:21 | KumanovoNews

 Од стотина членови на Здружението на глуви и наглуви од Куманово, 80 се вработени. За четворица членови се договара вработување, со што ќе се постигне стопроцентна вработеност.

Фирмите заинтересирани за вработување на глуви и наглуви лица

Луѓето што имаат проблем со слухот стануваат самостојни и напредуваат на работните места. Двајца наглуви луѓе се шефови во локалните фирми. Државата одвојува околу 5,5 илјади евра за секој вработен, а ја ослободува фирмата и од плаќање придонеси.

Поволности нуди државата ако работодаваецот сака чесно да постапува со луѓето. Во Техноцентарот “Алфи“ се примени седум луѓе и очекуваме уште неколку да бидат вработени. Навистина добро се третирани од страна на газдата. Работодавците имаат обврска три години овие лица да ги задржат на работа. Се случува постарите членови кои имаат над 50 години да одбијат работа бидејќи веќе се стари и на се нафаќаат на секаква работа - вели Драган Деспотовски, секретар на Здружение на глуви и наглуви.

Злоупотребите на оваа категорија на граѓани се сведуваат на минимум. Порано дел од членството било изманипулирано со тоа што прифатиле работа во Скопје, а потоа биле отпуштени. Деспотовски вели дека глувите и наглуви луѓе можат да основаат сопствена фирма. Неколку луѓе се обиделе со фирми за трговија, но се откажале.

Ако се двајца во фамилија глуви, можат да почна сопствен бизнис, нешто со перење на теписи, фризерски салон, бидејќи занаетите не губат никогаш. Во помалите градови заштитни друштва нема и затоа луѓето одат во мали фирми. Во Кратово има едно момче кое е таксист, и на тој принцип е вработен само што мора да назначи и директор на фирма. Во Крива Паланка има глуви луѓе, кои живеат во селата, не се образувале и веќе се стари за да бараат работа - објаснува Деспотовски.

Проблем за овие лица е тоа што основно училиште има само во Битола, а средно во Скопје. За родителите е потешкотија мали деца да праќаат на друг крај од државата за да се школуваат, па дури и ако почнат по кратко време се откажуваат.