„ФК Куманово“ организираше изложба во Чачак
Фото клубот „Куманово“ неодамна за прв пат имаше своја изложба на уметничка фотографија во Чачак, Србија.
На изложбата членовите на клубот се претставија со свои фотографии кои се плод на досегашно нивно творештво.
Изложбата се одржа во Домот на културата во Чачак, која беше проследена со поголем број на посетители. Изложбата е резултат на добрата соработка помеѓу Фото клуб “Куманово“ и Фото кино клуб “Чачак“ - велат од клубот.
Во меѓувреме авторот Владимир Јовановски се закити со две дипломи, ИАП Рибон и ПСА рибон, на меѓународната изложба на уметничка фотографија „Photo Fest Bitola“, одржана во Битола. Исто така на меѓународна изложба во Поласка насловена како „Wojnicz International Salon of Photography“, Јовановски зеде диплома за фотографија и признание како трет најдобар автор на фотографија.