Мени

Фото клубот “Козјак“ запишува нови членови

13.08.2012 07:19 | KumanovoNews

 Во тек се уписите за бесплатен курс по фотографија кој го распиша ФКК “Козјак“. Обуката ќе трае од шест до девет месеци и неа можат да ја следат луѓе од сите возрасти дури и ако немаат искуство со фотографирање.

Фото клубот “Козјак“ запишува нови членови

Ќе учат прво аналогна фотографија, теорија, дигитална фотографија и фотошоп. Сите заинтересирани можат да се пријават во нашите простории во Народна техника. Досега сме имале од 30 до 50 луѓе на курсевите. Одзив има, а имаме и доста награди важни за Куманово и за Македонија. Јас земав злато на “Фото фокус“, а со истата фотографија во Нови Сад добив диплома. Глигор Максимовски на “Денови на македонска фотографија“ освои трето место. Филип Илиевски во Дубровник, Хрватска освои злато - вели Владимир Јовановски, претседател на ФКК “Козјак“.

Овој кулб за фотографија во Куманово постои цели 65 години.