Мени

Фустан од матерјал за рециклирање продаден на аукција

08.06.2015 15:42 | KumanovoNews

Фустан од матерјал за рециклирање, изработен од учениците од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ продаден е за 220 евра на аукција на модна ревија во Скопје.

Фустан од матерјал за рециклирање продаден на аукција

Моделот како и многу други биле претставени во резиденцијата на Швајцарската амбасада, по повод Светскиот ден на животната средина. Го купиле од приватна школа за да си го украсат просторот.

Моделот е многу интересен, направен од стари копчиња, патенти, циркони, федери, цедеа и други материјали. Ние претходно учествувавме на Трансфешн Македонија, каде од 45 училишта влеговме во најдобрите 10, а на аукцијата нашиот модел се продаде за највисока цена и тоа за 220 евра - вели Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

Модниот дизајн е изработен од учениците Душица Панчевска, Мерсида Демировска и Марио Петровски под менторство на професорката Даниела Митиќ, која истакна дека освен финанскиските средства, од големо значење е знаењето за животната средина со кое се стекнале учениците.Присутните на аукцијата биле воодушевени од креативноста со која е направен моделот.