Ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне инсталацијата
01.02.2012 11:20
| KumanovoNews
Во Куманово во последните два дена енормно е зголемена потрошувачката на вода поради тоа што граѓаните ги оставаат чешмите да течат за да не им замрзне водоводната инсталација.
Ова особено е изразено во домаќинствата во куќите, но и колективните стамбени згради, каде инсталацијата е на северната страна.
Ниските температури предизвикаа дефекти и на главната водоводна мрежа, поради што одделени делови на градот останаа без вода. Екипи на ЈП „Водовод„ работата на отстранување на дефекти во населбите Бабин Дол и Перо Чичо, а во Черкезе, Ајдучка Чешма, Пуковско, Карпош, како и делови на градот во високата зона.