Гимназијалци вклучени во европски проект
Дванаесет ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ заедно со средношколци од училиште партнер од Галац, Романија ќе работат на проект за изработка на фотографии за календар.
Професори и ученици минатата недела се сретнаа во Лашко, Словенија за да се договорат за понатамошните активности.
На 20 месецов гимназијалците ќе заминат во Романија каде ќе имаат краток курс за фотографија, а потоа ќе изработуваат урбана фотографија, религиозна и надворешна околина.
Откако ќе се вратат учениците по пат на интернет, или видео чет треба да одлучат кои фотографии ќе бидат презентирани, од кои ќе се направи изложба во Куманово, а може и надвор од градот. Финален продукт, треба да се изработи календар со дванаесет најдобри фотографии. Учениците ќе имаат голема придобивка, ќе имаат можност да запознаат ученици од други говорни подрачја. Работен јазик ќе биде англискиот, а бидејќи од нашето училиште ќе бидат вклучени и ученици од билингвална паралелка, ќе биде застапен и францускиот јазик. Учениците ќе ги вежбаат овие два јазика, ќе зборуваат, ќе стекнат пријатели од Романија со кои и понатаму може да соработуваат - рече Благица Гавриловиќ Цветковска, професор по англиски јазик.
Координатор на проектот е Лидија Тасевска, професор по македонски јазик во Гимназија “Гоце Делчев“. Проектот го организира Агенцијата за европски училишта. Годинава ученици од 125 европски градови ќе учествуваат во слични проекти.