Гимназијалците ќе ја играат „Радован трети“ во театар
Во театар Куманово во понеделник и вторник во 20 часот, ученици од Гимназијата “Гоце Делчев“ ќе ја играат претставата “Радован трети“.
Режијата и сценариото се на Мила Николиќ, а во претставата играат: Ангел Арсовски, Јована Сибиновска, Иван Марковиќ, Тијана Стојковска, Ана Николиќ, Сара Илиќ и други.
Претставата е преработена од српска верзија на “Радован трети“. Во претставата учествуваат дваесетина ученици. Се работи за комедија која ја подготвивме по повод патронатот на училиштето и 70 години работа на Гимназијата „Гоце Делчев“. Претставата е за сите ученици, родители, наставници и сите љубители на драмската уметност - кажа Соња Тодоровска, ментор.
Тодоровска вели дека оваа претстава е продолжение, на успешното драмско работење на училиштето во последните неколку години.