Гимназијалците во посета на турска гиманазија
13.10.2014 09:30
| KumanovoNews
Ученици и професори од Гимназија “Гоце Делчев“ од 22 до 26 октомври \nќе ја посетат Гимназијата “Анадолу“ во турскиот град Киркларели.
“Во Турција ќе заминат 26 ученици и професори. Целта е да се разменат искуства, да се види тамошниот начин на учење, образование, да се запознаат други нации, култури, традиции. Ова ни е возвратна посета, бидејќи претходно делегација од турското училиште доаѓаше кај нас“ - велат од “Гоце Делчев“.
Соработката со Гимназијата “Андолу“ од Киркларели трае година ипол откако двете училишта се збратимија.