Гимназијата и четири улици без вода
26.09.2012 07:07
| KumanovoNews
Утринава прекин во водоснабувањето има во гимназија “Гоце Делчев“ и на четири улици во центарот на градот.
Без вода за пиење се граѓаните кои живеат на улиците “Есперанто“, “Зелен пазар“, “Страшко Симонов“ и “Ефто Спасовски“. До крајот на работниот ден дефектите ќе ги санираат вработени во ЈП“Водовод“.
Други прекини во снабдувањето со вода не се регистрирани.