Мени

„Гласот на селото“ бара одговорност за поморот на рибите во Пчиња

29.07.2015 15:39 | KumanovoNews

 По минатонеделната еколошка катастрофа во реката Пчиња во близина на селото Орашац, во која угинаа околу три тони риба денеска реагираше  Здружението „Гласот на селото“, кое побара одговорност од надлежните.

„Гласот на селото“ бара одговорност за поморот на рибите во Пчиња

Здружението „Гласот на селото„ бара од надлежните институции, посебно Јавниот обвинител во Куманово, да го испитаат овој случај до крај, да се изврши проценка од страна на комисија за утврдување на штети, се со цел да се надомести истата преку порибување на реката Пчиња и чистење на загадениот локалитет, - се вели во реакцијата.

Од здружението додаваат дека информациите што ги добиле на терен, поради  исклучена струја во пречистителна станица за отпадни води во село Доброшане во непосредна близина на Бислимската клисура, предизвикана е голема еколошка катастрофа со помор на риби и друг жив свет во реката Пчиња и околните села. Ова е констатирано и при увид на лице место од страна на надлежното министерство (Државен инспектор за животна средина и државен инспектор за заштита на води при Министерството за животна средина и просторно планирање).

Здружението „Гласот на селото„,е здружение кое ги промовира културата, традицијата и убавините на руралните средини во регионот. Последните години работи на промоција на потенцијалите за рурален развој во Бислимска клисура заедно со други здруженија, асоцијации, јавни институции,бизнис сектор и локална самоуправа Куманово. По неколку реализирани проекти како што се мапирање, одбележување на пешачки патеки, поставување на клупи за одмор, поставување на видиковци и информативни табли, снимање на промотивен документарен филм, нашата должност е да ја информираме јавноста за случувањата кои се одвиваа по течението на реката

Пчиња во Бислимска клисура во последните неколку дена.