Глувите лица ќе се натпреваруваат во рибарство
16.11.2012 09:41
| KumanovoNews
Лицата со оштетен слух наредните три дена ќе учествуваат на натпревар по рибарење на Охридското езеро.
На овој рекреативен натпревар, со по тројца натпреварувачи ќе учествуваат сите Здруженија на глуви и наглуви лица во Македнија.
Овој настан е традиционален, а кумановци досега не постигнале некој особен резултат. Велат дека стружани и охриѓани години наназад се најуспешни во рибарење, но целта е преку ваквите средби овие лица да се дружат што повеќе- велат од кумановското здружение.