Го истепале во „Тунел“, а потоа му го скршиле и моторот
26.06.2015 13:44
| KumanovoNews
Насилници во кафе бар “Тунел“ истепале момче, а потоа со палки му го скршиле моторот.
Во текот на мај годинава околу 3 часот во „Тунел“, С.Т.(23) при разминување со Н.М.(18) се скарал, по што првопријавениот го удрил со стаклено шише по главата. Откако М.И.(18), другар на Н.М. се обидел да ги раздвои, него го нападнал Н.Г.(24). Оштетените со мотори заминале пред зграда на улица “Народна револуција“, по што насилниците со возила дошле и со метални шипки и палки ги тепале и го скршиле моторот на Н.М.
Сторителите ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.