Мени

Годинава ќе бидат пошумени 300 хектари земјиште

11.09.2015 14:35 | KumanovoNews

Во околината на Куманово, Липково и Старо Нагоричане оваа година ќе бидат пошумени околу 300 хектари земјиште.

Годинава ќе бидат пошумени 300 хектари земјиште

Од Шумско стопанство Куманово објаснуваат дека имаат доволно садници, а пошумувањето ќе се врши на Денот на дрвото.

Моментално ја разгледуваме состојбата на терен. Предност ќе имаат опожарени површини и оголени површини. Потоа ќе следи механичка обработка на почвата , орање за да се подготви земјиштето за пошумување. Промотивно ќе биде одредена и една локација поблиску до градот каде ќе може граѓаните да пошумуваат на Ден на дрвото - вели Весна Темелковска, шеф на расадник во Шумско стопанство Куманово.

За разлика од лани, оваа година ќе биде пошумена поголема површина во кумановско.