Мени

Годинава ќе јадеме најскап грав

17.09.2012 07:15 | KumanovoNews

 За разлика од претходните години оваа есен гравот чини поскапо и се продава во помали количини.

Годинава ќе јадеме најскап грав

Кумановскиот грав се продава за 120 денари по килограм, а тетовскиот е уште поскап и цената достигнува до 200 денари. Трговците велат дека на ваква скапотија , граѓаните не бираат, туку го купуваат најефтиниот грав.

 На површина каде се раѓале по 500 килограми грав, сега едвај сме добиле 100 килограми. Многу малку се продава. Граѓаните купуваат килограм грав, колку за едно варење, не повеќе. Лошо е и за купувачите и за продавачите. Во родна година произведуваме повеќе грав и го продаваме поефтино, ама тогаш потрошувачката е голема. Гравот кој се продава овде е од кумановските села од Пчиња, Орашац, Скачковце и други места каде има вода за полевање - вели трговец.

Тој објаснува дека сушната година и малиот род придонесоа гравот да биде енормно скап. Само пред месец дена цената на гравот беше 80 денари за килограм.