Мени

Годинешниов маскенбал на 5 мај

26.04.2012 14:49 | KumanovoNews

  Традиционалниот кумановски маскенбал „Батко Ѓорѓија 2012„, годинава ќе се одржи на 5-ти мај. Покрај на Градскиот плоштад, од оваа година, маските ќе продефилираат и по кумановските улици.

Годинешниов маскенбал на 5 мај

 Маскенбалот се организира по 9-ти пат и досега се пријавиле над 3000 маски.

Оваа година учество на маскенбалот ќе земат сите детски градинки, основни и средни училишта, здруженија на граѓани, невладини организации, културно уметнички друштва и други поединци и групи граѓани на општина Куманово, но и дел од маските од струмичкиот карневал, кои ревијално ќе ги прикажат своите маски. Пријавени нема да останат само на градскиот плоштад, туку ќе направат една прошетка низ улиците на градот, покажувајќи ги своите маски - вели Жико Крстевки, раководител во Секторот за култура и спорт.

За најдобрите ќе има и награди за поединечни и групни маски. Исто така за присутните гости, посетители, покрај забавните маски ќе биде организирана и богата културно уметничка програма.

И оваа година,  по девети пат маскенбалот ќе биде под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.