Голем интерес на стечајците за социјални помош
Досега 450 стечајни работници и технолошки вишок се пријавиле во здружението „Унит„ Куманово за да добијат социјална помош од Општината.
Истовремено ги обновуваат членските карти и за да се стекнат со право за бесплатен превоз во автобусите на градскиот сообраќај во текот на целата година.
Пријавувањето е при крај и досега имаме пријавено околи 450 стечајни работници. Мислам дека деновиве додека ги предадеме списоците ќе се пријават сите 600 стечајци и технолошки вишок што ги има во нашата евиденција, бидејќи им следува помошта -вели претседателката Лилјана Георгиевска.
Во Општината Куманово ќе се евидентираат пријавените и од наредниот месец ќе започне исплата на помошта. Советот на општината и градоначалникот преземаа обврска на секое социјално семејство месечно да му испаќе 1200 денари за сметките за вода и ѓубре.