Голем интерес за групната крштевка во Куманово
04.06.2015 15:46
| KumanovoNews
Голем одзив има за групната крштевка која во сабота ќе се одржи во црквата “Свети Никола“ со почеток во 10.30 часот.
Од Кумановско-осоговска епархија потсетуваат дека заинтересираните сеуште имаат рок да се пријавуваат за крштевката.
Можат и на самиот ден да дојдат на групната крштевка и да се крштеваат. Им би препорачал на оние кои ќе се крштеваат да дојдат во кратки панталони и во маици со кратки ракави. Групна венчавка досега имавме два пати во Куманово, а ова е прв пат да се организира групна крштевка - вели Игор Здравковски, лице за односи со јваност во Кумановско-осоговска епархија.
На бесплатната групна крштевка можат да учествуваат лица над 18 години.