Голем маскенбал Батко Ѓорѓија
05.05.2012 08:08
| KumanovoNews
Над 3000 маски денеска ќе продефилираат по кумановските улици.
Учествуваат дечиња од детските градинки, ученици од основните и средни училишта, членови на здруженија на граѓани, невладини организации, културно уметнички друштва, поединци и групи граѓани на Куманово. Гости ќе бидат маските од струмичкиот карневал.
Од оваа година покрај на Градскиот плоштад маскираните ќе прошетаат и низ улиците во централното градско подрачје.
Маскенбалот започнува во 11 часот.