Мени

Голем одзив за упис во средните училишта

14.06.2012 09:48 | KumanovoNews

 Во средното eкономско училиште “Перо Наков“ најголем интерес има за економски техничари, а најмалку за конфекциската струка и техничар за обувки.

Голем одзив за упис во средните училишта

До 10 часот денеска 58 ученици поднеле документи за економски техничар, 35 за техничар по трговија и маркетинг, 10 за деловен секретар, 18 за банкарски техничар, 1 за техничар за дизајн на облека и 2 за конфекциска струка.

Обично во првиот уписен рок се пополнуваат 80 проценти од слободните места. За прием потребни се 60 поени од можни 65 пресметани од постигнатиот успех и поведение. Ако евентуално останат празни места за во август, за третиот уписен рок, критериумите ги спуштаме - рече Фросина Николовска, заменик директор во “Перо Наков“.

Искуството од претходните години покажало дека неколку празни места остануваа во август, но тоа се оние струки кои учениците ги доживуваат како помалку атрактивни.