Мени

Голем пожар во Орашац

03.08.2012 08:57 | KumanovoNews

 Огнот зафатил 15 хектари нискостебласта и високо стеблеста шума и сува трева над селото.

Голем пожар во Орашац

Синоќа по 20 часот запалена е поголема површина на шума во атарот на селото Орашац. Огнот зафатил 15 хектари нискостебласта и високо стеблеста шума и сува трева над селото. Мештаните го пријавиле пожарот во полиција, по што била известена противпожарната единица Куманово. Пожарот бил изгаснат по полноќ. Причинета е матерјална штета кој допрва ќе се утврдува. Пожарот најверојатно е предизвикан од човечки фактор.

Исто така вчера околу 15 часот предизвикан е пожар во селото Младо Нагоричане во м.в. Оранжерии, по десната страна на реката Пчиња. Пожарот е набрзо изгаснат.

Во селото Лојане синоќа во 22 часот изгореле 3 хектари сува трева. Предходно сопстевик на нива запалил стрниште па огнот се проширил на околните површини.

Во населбата „Тоде Мендол„  околу 20 часот запалена е сува трева, најверојатно од фрлен опушок. Огнот го изгаснала од противпожарната единица.