Мени

Гореа стрништа во Табановце и Бедиње

06.08.2012 08:15 | KumanovoNews

 Противпожарната единица Куманово доцна синоќа локализирала два мали пожари. И во двата случаја се работело за запалена сува трева на нива.

Гореа стрништа во Табановце и Бедиње

Близу граничниот премин Табановце од десна страна имаше пожар во нива поради запалено стрниште. Нешто подоцна гореше и нива на Бедињски пат. Ако е површина од еден хектар тоа го третираме како мал пожар. Изгаснати се пожарите и нема никакви последници, ниту е предизвикана поголема материјална штета - велат од Противпожарна единица Куманово.

Двете интервенции се направени само со едно противпожарно возило, а огнот навреме е локализиран без да се прошири.