Гори шума во близина на манастирот Матејче
Во близина на селото Матејче 50 хектари шума е зафатена од пожар.
Со железни метли вработени од Шумско стопанство го гаснат пожарот, бидејќи теренот е непристапен. Утринава по повикот на оџата во селот Матејче се одзвало и месното население. Од Центарот за управување со кризи велат дека 40 луѓе се вклучени во локализирање на пожарот. Се очекува во гаснење на огнот да интервенира авион.
Побарана е помош од авио налети, за да може да се стопира тој дел кон селото Матејче и кон Скопска Црна Гора. Мислам дека во текот на денот Дирекцијата за заштита и спасување ќе одговори на барањата на локалната самоуправа Липково - изјави Горан Стојановски, директор на Центарот за управување со кризи.
Мештаните се сомневаат дека пожарот е подметнат. Огнот ако навреме не се локализира , пожарот може да стигне до манастирот во Матејче.