Градинката организира “Игри без граници“
По повод Детската недела, на 3 октомври, градинката “Ангел Шајче“ ќе биде домаќин на манифестацијата “Игри без граници“.
Традиционално ја одбележуваме Неделата на детето со повеќе активности. Избираме златен глас, имаме маскенбал, цртаме на плочник, “Игри без граници“ на ниво на секој објект. Нашата установа по повод Детската недела соработува со повеќе градинки од Македонија. Тоа се Крива Паланка, “Детска радост“ од Скопје, “Астибо“ од Штип, “23 август“ од Берово, и од Пехчево. Така што 30 деца со неколку учителки ќе ни дојдат, ние како домаќини ќе ги пречекаме, ќе организираме “Игри без граници“ - вели Марина Алексовска, директор на градинка “Ангел Шајче“.
Преку овој настан децата треба да се дружат и да се запознаат. Најмногу случувања ќе има во објектот “Пчелка“ во населба Гоце Делчев.