Градинките ќе водат електронски досиjеа?
Од Министерството за труд и социјална политика, најавија дека во иднина воспитувачите пред да се вработат во градинка ќе мора да полагаат тестови, а задолжително ќе треба да се водат досиеа за сите деца.
Во електронското досие ќе има податоци за афинитетите на детето, дали тоа одбило да изврши некоја задача, а родителот еднаш неделно ќе добива информации за тоа како детето напредува.
Вработените во градинките велат дека и досега имале досиеа за децата, но не во електронска форма. При прием и испраќање на детето секој родител можел да се информира како детето се однесува во градинка. Тие сметаат дека за водење на електронски досиеа постарите воспитувачки ќе треба да бидат обучени за работа со компјутер.
Во кумановската градинска немаат добиено официјален допис, нити пак усно известување од министерството, па затоа незнаат што точно е предвидено со новината.
Па подобро нека отворат три нови градинки во Куманово. Имавме барање до Министерство за труд и социјала и ова прашање пред една годнина беше поставено на Совет на општина Куманово. Се спомнуваше јавно приватно партнерство, ама ништо конкретно досега нема. Има деца кои се на листа на чекање. До 10 јуни во шест објекта беа згрижени 1320 деца, е сега со одморите децата се осипуваат, се испишуваат - вели Марина Алексовска, директор на градинка “Анѓел Шајче“.
Во една група има над 30 деца, а има градинки каде се оформени 11 групи.
Употребата на електронските досиеа и дообучувањето на воспитувачите треба да почне за неколку месеци како што беше најавено од ресорното министерство. Министерот Спиро Ристовски одлуката ја образложи со фактот дека не е исто воспитувањето на децата во осумдесетите години и денес. Според него кадарот кој работи со деца од предучилишна возраст треба да се дообучува.