Мени

Градинките преполни, се чека слободно место

30.10.2012 09:20 | KumanovoNews

 Градинката “Ангел Шајче“ во последните три години не може целосно да одговори на потребите на родителите да ги згрижат своите деца.

Градинките преполни, се чека слободно место

Кумановските градинки имаат проектиран капацитет за 859 деца, а оваа година се примени 1427 деца. На листа на чекање се ставени уште 196 деца. Проблемот може да се реши само ако се изградат нови објекти или да се преадаптираат постоечките.

 Бараме изградба на три објекти. По една градинка во населбите Карпош, Тоде Мендол и  Доброшане.Додека не добиеме проширување, останува да изнаоѓаме решенија со кои ќе им излеземе во пресрет на нашите сограѓани. Родителите кои поднеле барање се внесува во програмата и комисија за прием на деца заседава секој последен петок во месецот и ги разгледува. Ако има простор се примаат нови деца. Со бројката која ја имаме, навистина е тешко да функционираме со толкав број на деца - вели Марина Алексовска, директор на градинка “Ангел Шајче“.

Таа додава дека освен простор, проблем е и кадарот. Со овој број на вработени едвај успеваат да одговорат на барањата на родителите. За нови вработувања потребна е согласност од Министерството за финансии.