Мени

Градинките тесни да ги примат сите деца

26.08.2010 15:05 | KumanovoNews

1147 деца се запишале во шесте објекти на градинката „Ангел Шајче„ во Куманово. Во однос на мината година градинките примиле педесетина деца повеќе.

Градинките тесни да ги примат сите деца

Бројот на заинтересирани родители да ги остават на чување своите деца  во нашата установа ги надминува нашите капацитети. Сепак ние изнајдовме начин пријавени деца да ги распоредиме во шесте клона на градинката. Проблемот со нови објекти и доградба на веќе постоечките се уште останува, а интересот на родителите секоја година е се поголем - вели директорката Марина Алексовска.

Во летниот период  се напревени потребните подготовки за почетокот на учебната година и реновирани се објектите во Синоличка, Развигорче и Пчелка.