Граѓаните да не палат оган на отворено
13.06.2012 07:32
| KumanovoNews
Од противпожарната единица во Куманово велат дека засега немаат зголемен број на интервенции и апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор.
Утрово околу 6 часот имаше гаснење во индустрискиот комплекс “Чик“ каде се запалило моторче за вода. Пред два дена имаше интервенција на помошен објект во сопственост на шумското претпријатие. Сега ќе почнат жетвите, па ги предупредуваме граѓаните да не палат стрништа - рече Дејан Илиевски, командир на противпожарна единица Куманово.
Илиевски објаснува дека за предизвикување пожар, а воедно и општа опасност сторителите ќе бидат кривично гонети и ќе плаќаат високи парични казни.