Мени

Граѓаните да не се прејадуваат за празниците

11.04.2015 11:14 | KumanovoNews

Лекарите советуваат граѓаните за Велигден да не се прејадуваат со мрсна храна и јајца за велигденските празници.

Граѓаните да не се прејадуваат за празниците

Ова посебно треба да го почитуваат хронично болните, луѓето кои имаат проблеми со холестерол, притисок  и слично.

Треба повеќе да внесуваат овошје, зеленчук, и да јадат умерено. Да не се прејадуваат со јајца, мрсна храна, месо, исто и алкохол да се конзумира во умерени количини. Ова важи за сите граѓани, без разлика дали постеле или не, но пред се за луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми - рече Валентина Тодоровска, општ лекар во Брза помош.

Во недела на богатата празнична трпеза освен јајца, ќе има месо, слатки и други јадења.