Граѓаните донираа облека за сиромашните
05.11.2012 08:20
| KumanovoNews
Волонтери од невладината организација “Стритс фестивал“ вчера на Градскиот плоштад спроведоа акција за собирање облека.
Не ни е првпат да организираме ваква акција. Лани имавме две акции од кои едната беше за облека, а другата за пакетчиња за Нова година. Ние се потрудивме да ги израдуваме децата. Ова ни е трета по ред акција. Овие алишта ќе бидат распределени и ќе ги даваме на семејствата кои се социјално загрозени, кои не можат да си приуштат облека. Паралелно дел од нашата екипа е во Скопје, се собираат алишта кои ќе бидат донирани за децата без родители, за СОС Детското село и во Црвен Крст - рече Стефанија Зивовска, волонтер во “Стритс фестивал“.
Акцијата почна во 11 и траеше до 15 часот.