Граѓаните и фирмите да донираат за жителите од Тоде Мендол
Граѓаните и фирмите на сметка или со повик на телефон отворен за донации, можат да донираат за жителите од населбата Тоде Мендол, чии куќи се уништени во вооружените дејствија.
Сметката на Фондот на солидарност е 300000001327966 ДБ 4030984271620 –
Комерцијална банка, а донирањето на 100 денари е со повик на телефоните 075/070/077 143 400.
Апелираме до правните субјекти и граѓани, донациите во материјална помош може да се обезбедат во храна, бебешка храна, средства за хигиена, средства за дезинфекција и постелнина. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток, Скопје од 08 до 18 часот во работни денови, а во сабота и недела од 8 до 16 часот - велат од Црвен Крст.
Хуманитарна помош за овие семејства ќе се собира до 31 мај годинава.