Мени

Граѓаните кои утре даруваат крв ќе одат во Дојран

11.07.2012 07:00 | KumanovoNews

 Вонредна летна акција за дарување на крв ќе се оддржи утре во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ од 9 до 15 часот. Сите хумани луѓе можат да бидат дел од оваа традиционална хумана акција.

Граѓаните кои утре даруваат крв ќе одат во Дојран

Крводарителите кои утре ќе даваат крв на 22 месецов ќе одат на еднодневна екскурзија во Дојран. Планирано е слична акција да има и во август. Вонредната крводарителска акција ја организира општинската организација на Црвен Крст Куманово.