Мени

Граѓаните мереа шеќер во крвта

02.11.2012 09:03 | KumanovoNews

 Масовно беше посетена акцијата за бесплатно мерење на шеќер во крвта, која на Градскиот плоштад ја организираше Здружението на дијабетичари Куманово по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот.

Граѓаните мереа шеќер во крвта

Во светот има 336 милиони луѓе со дијабетес, а во Македонија има 136 илјади, и тоа зборува колкав е овој проблем и наша задача е да ја подигнеме свеста на луѓето за дијабетесот. Тие мора сами да се чуваат или ако се болни да не добијат компликации. Дождот ни ја поремети замислата. Ги ангажиравме моторџиите од мото клубот “Мечки“ да поминат низ градот со овие транспаренти - рече Аврам Ванковски, претседател на Сојуз на здруженија за дијабетес на Македонија.

Во Куманово регистрирани се 5200 луѓе болни од дијабетес, од кои 2000 се на инсулинска терапија.

 На 10 ноември ќе има активности во Дом на АРМ во Скопје, а на 13 ноември на Спомен Костурница за нашите членови ќе има традиционалан акција - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

Собранието треба да донесе декларација со која сите институции ќе се вклучат во борба против дијабетесот.