Граѓаните можат да ги подигнат здравствените картички во ФЗОМ
Граѓаните кои поднеле барања, а сè уште не добиле електронски здравствени картички, истите ќе можат почнувајќи од денеска да ги подигнат во подрачната служба на Фондот за здравство.
Картичките се испечатени и дистрибуирани до подрачните служби на ФЗОМ.
Истовремено, нашите вработени во наредниот период ќе ги користат сите алатки за комуникација и ќе ги известуваат граѓаните да дојдат и да си ги подигнат картичките. Активирањето на новите картички се врши веднаш по предавањето електронската здравствена картичка на осигуреникот во Фондот, или кај матичниот лекар. При првата употреба на картичката кај матичниот лекар, осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и заштита - стои во соопштението од ФЗОМ.
Се работи за 106.541 електронски здравствени картички за кои граѓаните имаат поднесено барање, кои се изработени и ќе може да ги подигнат во подрачните служби на Фондот од денеска па натаму.