Граѓаните неконтролирано трошат вода
За последниве два дена ЈП „Водовод„ испорачачува по 440 литри во секунда вода што е за 60 посто повеќе во однос на мината недела.
Откако во саботата се нормализира водоснабдувањето во градот, со пуштање на цевководот т.н.„бај-пас„, граѓаните буквално ја расипуваат водата. Од ЈП „Водовод„ велат дека во последните два дена се трошат по 440 лити во секунда, наместо 270 колку била потрошувачката мината недела.
Нерационалното трошење на водата може да го доведе градот повторно да остане без вода. Апелираме до граѓаните водата да ја користат само за неопходните домашни потреби, а не за полевање на бавчи и тревниците, миење на тротоари и улици. Ако продолжи потрошувачката со ова темпо, ќе воведеме рестрикција по реони- вели директорот Виктор Божиновски.
Тој најавува дека од денеска на терен ќе излезат посебни екипи кои што ќе го контролираат трошењето на водата, а прекршителите ќе бидат санкционирани.
Божиновски истовремено ги повикува граѓаните редовно да си ги плаќаат сметките за вода и да си ги подмират заостанатите долгови за да може претпријатието нормало да функционира.