Мени

Граѓаните самокритични: Криви сме за нехигиената

20.09.2012 10:00 | KumanovoNews

 Граѓаните велат дека хигиената во градот треба да се подигне на повисоко ниво, но од друга страна признаваат дека самите се виновни и фрлаат отпадоци каде ќе стигнат.

Граѓаните самокритични: Криви сме за нехигиената

Народот нема култура. Фрлаат смет каде ќе им текне. Кантите за отпадоци ги кршат или ги крадат. Имаме лоши навики. На што личи на улица да се фрлаат отпушоци од цигари? Со тоа си ја покажуваме домашната култура, воспитувањето. Не можам да двојам млади, стари, исто се однесуваат сите - вели Стојадинка Петковска од Куманово.

Трајко Спасовски од населба Бедиње објаснува дека службите редовно го собираат сметот во неговото населено место, но додава дека граѓаните немаат свест.

Јас како постар ги учам моите дома да не фрлаат отпадоци на сред улица. Ние сме живееле и сме ја прошетале Југославија навремето што се вика удолу и попреку. Не дека таква некултура немало, имало и тогаш ама зависи каде, во која област, во кој крај. Младите треба да внимаваат на такви работи - рече Трајковски.

Од ЈП “Чистота и зеленило“ велат дека работат според утврдена програма, и по барање на граѓаните ги чистат деловите помеѓу станбените згради. Се прават акции за чистење на селата во договор со месните заедници.

Инспекциските служби додаваат дека комуналната опрема се оштетува и краде, но оваа појава не е алармантна и тие не располагаат со статистички податоци. Според нив, се случува граѓаните да посегнат по садници кои се поставени за разубавување на јавните површини.