Мени

Граѓаните се вакцинираат против грип

19.10.2012 13:23 | KumanovoNews

Почнувајќи од минатиот петок, 480 граѓани примиле вакцина против сезонски грип. Вработените во Центарот за јавно здравје се задоволни од одзивот.

Граѓаните се вакцинираат против грип

Дневно примаме по стотина пациенти кои се вакцинираат против грип. Има голем интерес, посебно од постарите луѓе, хроничноболните, болните од астма, срцевоболните. Тие мора да се заштитат бидејќи во случај ако се заразат од грип ќе имаат сериозни последици. За нив може да биде кобна висока температура, потење, малаксаност - рече Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Лекарите велат дека секоја година интересот за вакцинирање против грип е на исто ниво.