Градоначалникот го честита Велигден на православните верници
Градоначалникот Зоран Дамјановски на православните верници во Куманово, им го честита големиот празник Велигден со желби за добро здравје, благосостојба и среќа.
Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, на сите православни верници им го честитам највозвишениот христијански празник – Велигден, со желба за душевен мир, благосостојба и хармонија во нивните семејства. Овој празник не потсетува на потребата за задржувањето на нашите општествени вредности, како меѓуверски дијалог, промоција на мултикултурната и мултиконфесионална соработка, кои треба да останат наш приоритет. Радувајќи се на животот, љубовта, трпението и милосрдието се радуваме на делата кои ги правиме - стои во честитката.
Градоначалникот порачува дека сите заедно треба да го градиме просперитетот на општина Куманово.