Градоначалникот ја посети Мара Нацева
Eдинствениот жив учесник на Првото заседание на АСНОМ и народен херој од НОБ, Мара Нацева (92), која од неодамна живее во Куманово денеска ја посети делегација од локалната самоуправа Куманово.
Имам чест денеска во името на граѓаните на Куманово на нашата сограѓанка Мара Нацева да и посакаме добро здравје и долг живот. Се гордееме со вакви луѓе, кои се основоположници на модерната македонска држава.Би благодарам госпоѓо Нацева за се што направивте за Македонија и македонскиот народ.Ќе останете вечно запаметени како човек и како борец во НОБ, кој направил многу за македонската држава-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Нацева до пред три месеци живеела во Белград, но поради нарушено здравје сега е кај нејзиното семејство во Куманово.
Се вратив и сега живејам во моето родно Куманово. Знаат моите најблиски колку сум приврзана за мојот град. Секаде и сешто поминав во животот, а сега сум тука благодарение на моето семејство, кој навистина се грижи за мене полесно да ја поминувам староста- изјави со тешкотии старицата.
Нацева била делегат на АВНОЈ и АСНОМ, а по војната извршува повеќе високи политички функции во Белград. Таму останала да живее и по смртта на нејзиниот сопруг пред 20 години. Немаат деца, па сега за неа се грижат нејзините внуци од брат.
Покрај градоначалникот Дамјановски во делгацијата беше и пратеникот Оливер Спасовски и секретарот на СДСМ Мартин Костовски. На Нацева и подарија цвеќе и монографија за Куманово и и ветија скоро видување.