Градоначалникот со честитка до граѓаните
Градоначалникот Зоран Дамјановски упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод новогодишните и божиќни празници.
Почитувани граѓани, помина уште една година во која ги вградивме нашите заложби за изградба на мултиетничко и граѓанско Куманово. Реализиравме многу проекти во кои ги исполнивме нашите обврски кон граѓаните во сверата на инфраструктурата, образованието и социјалната програма. Никој до сега во Куманово, барем во последните 10 години не направил таков подем во спортот, културата и во развојот на целокупното живеење во Општината. Нашите резултати се видливи на дело, низ спортските и инфраструктурните објекти кои го красат Куманово.
Почитувани мои сoграѓани, нека Новата година ви донесе многу среќа и успех на личен и професионален план, а пред се да се остварат нашите заеднички напори да го градиме нашето Куманово за иднината и перспектива на нашите поколенија.
Од мое име и од името на вработените во локалната самоуправа ви ја честитам Новата 2012 година и среќни божиќни празници!