Градоначалниот и учениците пошумуваа на „Краста„
Општинската администрација предводена од градоначалникот Миодраг Јовановиќ,советниците, јавното претпријатие „Којзак„, потпомогнати од учениците, вчера садеа дрвца во местото „Краста„ на патот кон селото Никуљане.
Сонот за пошумена Македонија се јави во 2007 година, кога амбасадорот на УНЕСКО и светски познат баритон, маестро Борис Трајанов ја истакна потребата од засадување на дрвца на оголените површини. Неговата позната изрека вели “Не сме само ние жители на планетата, и шумите се жители како и ние“. Затоа ние во секоја акција се вклучуваме масовно и даваме свој придонес за зачувување на животната средина-вели градоначалникот Јовановиќ.
Акциите за пошумување се поддржани од Владата на Република Македонија, ЗЕЛС и ЈП“Македонски шуми“.