Мени

Градските улици затрпани со снег

02.02.2012 09:16 | KumanovoNews

 Снегот кој од синоќа паѓа во Куманово се задржува на коловозот и го отежнува одвивањето на сообраќајот. Надлежните во локалната самоуправа велат дека засега нема пријавено некои поголеми проблеми и дека сообраќајниците во текот на денот ќе се исчистат од снегот.

Градските улици затрпани со снег

Екипи на фирмите задолжени за зимско одржување на улиците, утринава од 9 часот се на терен го чистат снегот и фрлаат сол, исто како и синоќа кога интервенираа од 22.30 часот до 1 часот по полноќ- вели Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за урбанизам .

Тој објаснува дека прво ќе бидат исчистени сообраќајниците од првата зона, во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира и на периферијата на градот.

Улицата „11 Октомври„, кој е најфреквентна улица и останатите во тој дел од градот до моментот на објавување на текстот не беа исчистени.