Грипот под контрола
Во Центарот за јавно здравје, оваа недела се евидентирани четириесетина заболени од грип.Ова бројка е помала во однос на истиот период лани.
Минатиот месец, неделните бројки се движеле до 15 грипосани.
"Најдобра превентивна мерка за заштита од грипот е вакцинација, особено на болните од дијабетес и кардиоваскуларани заболувања, како и лица со намален имунитет"-вели доктор Предраг Ѓеорѓиевски од Центарот за јавно здравје.
Лекарите препорачуваат избегнување на собири во големи групи и движење на чист воздух за да се спречи пренесување на вирусот. Доколку се појават сипмтомите потребно е внесување на повеќе течности,витамини и проветрување на просториите.
Грозница, болка во мускулите, кашлање, воспалено грло и малаксаност се симптомите на грипот.Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање. Опасност за зголемена вироза се очекува по враќање на учениците во училиштата во второто полугодие.