Групна венчавка во „Света Петка“ во Бедиње
07.05.2015 14:53
| KumanovoNews
Во црквата „Света Петка“ во населба Бедиње во недела во 10.30 часот ќе има групна венчавка.
Сите брачни парови кои од било кои причини досега не се венчале во црква, можат да се пријават за бесплатното групно венчавање.
Поставивме некоја граница да бидат тоа брачни парови кои повеќе од 10 години имаат граѓански брак, но не се венчани во црква. Треба да дојдат со кум, или ако немаат кум доволно е да донесат погача и вино. Сите кои сакаат да учествуваат на групната венчавка можат да се пријават во било која црква од Кумановско-осоговска епархија, да потполнат пријава. Досега нема пријавени, но се надеваме дека ќе се пријават - вели отец Антониј Стојковски.
Групна венчавка по втор пат ќе се одржи во Куманово.