Мени

Хуманитарна акција во натпревар со ролери

08.04.2010 13:50 | KumanovoNews

Црвениот крст и Училишниот сојуз на спортови денеска организираа натпревар во возење на ролери. Натпреварот е од хуманитарен карактер и средствата што ќе бидат соберени се наменети за корисните на Дневниот центар „Порака“.

Хуманитарна акција во натпревар со ролери

-Натпераврот е традиционален и во него учество земаат по пет ученика од сите основни училишта од Општината. Добар е одзивот на децата, до сега се пријавија околу  педесетина ученици, кои ќе возат на стаза - полигон со пречки. Побеник е оној за најкратко можно време, ќе ја помине патеката - вели Ивица Георгиевски, претседателот на Сојузот на училишни спортови.

Општинскиот Црвен крст хуманитарен натпервар во ролери го оцени како успешен.

-Средствата се прибираат од учесниците, кои симболично  донирает по 30 денари и тие сретства ќе бидат однесени во центарот Порака. Младите од црвениот крст учествуваат во бројни активности , но овој натправар е еден од помасовните -изјави Фросина Цветковска, претседателка на подмаладокот на Црвениот крст.

Активистите на Црвениот крст на лицитација ги продаваа и предметите кои ги изработиле корисните на Дневниот центар Порака, со што ја заокружуваат хуманитарната акција наменета токму за оваа категорија лица.