Мени

Инфо ден за ИПАРД програмата

20.10.2014 13:46 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 11 часот ќе се \nодржи Инфо ден за промовирање на можностите од ИПАРД програмата.

Инфо ден за ИПАРД програмата

Презентацијата ја организираат Агенција за поддршка на претприемништвото во соработка со Фондација за развој на мали и средни претпријатија, Министерство за земјоделство и Тело за управување со ИПАРД.

“Ве поканиме, да дознаете повеќе за можностите за добивање на ИПАРД неповратни средства за инвестиции во делот на занаетчиство, микро и мали претпријатија во рурални средини и инвестиции во преработувачка дејност. На средбата ќе имате можност да добиете информативни брошури во кои е наведено какви се можности нуди програмата ИПАРД, под кои услови и кој може да аплицира за вакви неповратни средства, а воедно ќе може да се информирате за сите новини во делот на ИПАРД програмата“- велат организаторите.

До крајот на октомври 2014 година, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе распише јавен оглас за доставување на барања од страна на физички и правни лици за користење на ИПАРД средства.