Мени

Истекува рокот за аплицирање за субвенции

18.10.2012 11:30 | KumanovoNews

До 20 месецов трае рокот за поднесување барања за добивање на субвенции за обработливо земјиште. Повеќето земјоделци веќе ги завршиле овие обврски и доставиле документи до подрачните служби.

Истекува рокот за аплицирање за субвенции

Гужва има деновиве бидејќи чекаат луѓето во последен момент да донесат документи. Доволно се информирани за роковите преку медиумите и на директни средби.Треба да имаат минимум три декари земја за да добијат субвенции. Има забуна и доаѓаат земјоделци кои имаат еден хектар земја засадена со повеќе култури. Треба на три декари да се одгледува една култура, тоа е условот - вели Живка Наумова, раководител на Регионален центар на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

За еден хектар земја државата исплаќа 9000 денари. До крајот на ноември, производителите на млеко ќе треба да поднесуваат барања за добивање на субвенции.