Мени

Изгоре новогодишната елка

09.01.2012 16:16 | KumanovoNews

Изгоре новогодишната елка што беше поставена на Градскиот плоштад во Куманово.

Изгоре новогодишната елка

Пожарот избувнал вчера во 2 часот по полноќ, а го пријавил полицаец кој случајно поминувал тука. Интервенирала противпожарната единица со едно возило и за десетина минути огинот бил изгаснат. Полицијата извршила увид на лице место и се работи на откривање на причините. Истрагата ќе покаже дали се работи за подметнат пожар или бил предизвикан од електирична инсталација.

Ние имаме информација дека има механички оштетувања на сијаличките и електричните кабли. Елката е изгорена до пола, но мораше да се отстрани заради оштетувањето. Не знаеме колкава е матерјалната штета- вели Бисера Благоевиќ портпарол во Општината.

Елката беше висока 9 метри и украсена со електрични светилки, а ја купи општината за новогодишните празници и чинеше 15 илјади евра.