Изложба на графики на Евгениј Пантев
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на графики на академскиот графичар Евгениј Пантев.
Овој графичар ќе се претстави со 25 графики од неговиот најнов творечки опус, а кумановската ликовна публика ќе има можност за првпат да се запознае со неговото творештвото.
Пантев е роден 1966 година во Софија, Бугарија. Дипломирал на одделот за графика и графички дизајн, на Факултетот за ликовни уметности, Скопје 1991, Магистар по ликовни уметности – област графика 2014. Член е на СБХ/ ИАА.
Реализирал седум самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби во Бугарија, Србија, БИХ, Хрватска, Шпанија, Франција, Белгија, Романија, Италија, Англија, Египет, Канада и други земји. Добитник е на повеќе награди во странство.
Изложбата ќе трае до 10 декември.